Одржувањето на добриот тон со владата зависи од решавањето на стратешките прашања за земјата, како она за Македонија, изјави денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, цитиран од „ДИР“.

-Имаме некои разлики и јас ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со владата, додаде претседателот.

Владата мора да работи на стратешки прашања за државата и да слуша што и кажуваат граѓаните, истакна уште Радев на средбата во Амбасадата на Република Бугарија во Берлин со претставници на бугарската заедница во Германија.

Шефот на државата е во посета на Сојузна Република Германија на покана на неговиот колега, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, со кого денеска треба да се сретне.