Делегацијата предводена од шефот на Бугарија, Румен Радев ја напушти зградата по четири минути чекање.

Официјалната посета на Радев на Црна Гора почна вчера со свечена церемонија пред претседателската палата Сина палата. Радев и неговата сопруга Десислава Радева беа пречекани во главниот град од претседателот Јаков Милатовиќ.

„Сосема е природно шефот на државата да одбие средба за која домаќинот не е подготвен“. Ова го коментираат од прес-службата на претседателот Румен Радев за неуспешниот разговор со премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, објавуваат бугарските медиуми.

Се огласија и од црногорската влада со поинаков став.

„Со бугарската амбасада беше договорено средбата да се одржи во приемната сала на владината зграда во 17:00 часот, бидејќи премиерот Милојко Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај неговиот напорен распоред. Претходната изјава на премиерот средбата со големата туристичка компанија германската ТУИ траела три минути подолго од планираното, а делегацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев по четири минути чекање ја напушти владината зграда“, соопштија за медиумите од црногорската влада.

Средбата требаше да се одржи во истата приемна сала каде што се разговараа со претставници на ТУИ. Причина за доцнењето е што „требало да се подготви просторијата за следниот состанок“.

TUI Group е германска компанија за одмор, патување и туризам, една од најголемите во светот.