– Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, објасни претседателот Радев.
Претседателот повтори дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.
– Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза, додаде претседателот.
Радев им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада.