Заврши заседанието на Консултативниот совет за национална сигурност на Бугарија.
Претседателот Румен Радев потврди дека македонските евроинтеграции се во застој, но додаде дека треба да се исполнат одредени критериуми од страна на Скопје за евентуалната деблокада.
Тој додава дека процесот не треба да се обврзува со рокови, туку со реализација на задачите предвидени во Договорот за добрососедство. Сепак, Радев рече дека во одредени сфери е можен напредок, кој би бил импулс за враќање на довербата и можно решение.
Бугарскиот претседател повтори дека во однос на Македонија Владата во Софија треба да ја запазува националната политика, за Албанија истакна дека треба да го започне преговарачкиот процес со Брисел.