Неколку дена по ред утринските температури се под 12 степени, но парно греење за најголемиот дел на скопјани нема. Утрово со топли радијатори се разбудија само корисниците на топланата Скопје-Север, која не е дел од Балкан Енерџи Груп. Станува збор за околу 500 домаќинства и мали фирми кои се затоплуваат од оваа топлана. Нејзиниот директор, Куштрим Рамадани, за Алсат вели дека имаат набавено одредена количина природен гас, но вели дека сами нема да можат да опстанат. Побара финансиска помош од Владата за до крајот на грејната сезона, објави Алсат.мк

„Ние метар кубен гас купуваме за 125 денари, а продаваме за 65 денари. Тоа покажува дека не можеме да бидеме одржливи со ваквите цени. Мора да имаме финансиска поддршка за да може да испорачаме топлина…“, рече Рамадани.