Амбасадорот Желјаско Радуков ја предводеше бугарската делегација на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 154-годишнината од раѓањето на револуционерот, опишувајќи го како Бугарин во својата изјава по положувањето на венците.
„И оваа година повторно сме тука за да одбележиме еден светол датум од нашата заедничка историја и да му оддадеме почит на еден од нашите големи револуционери – Гоце Делчев. И секојпат кога стојам пред саркофагот на Георги Делчев, си го поставувам прашањето зошто нешто што треба да нè обединува, толку многу нè разделува. И зошто во една современа, независна, потенцијално европска наша соседна Република Северна Македонија е толку тешко да се прифати и улогата на бугарскиот народ, и на Бугарите, како Делчев, токму за таа слобода и независност. Потсетувајќи се на зборовите на Делчев дека го разбира светот ‘како поле за културно натпреварување меѓу народите’, можам да замислам колку би се згрозил од современиот дискурс и од говорот на омраза, без оглед на неговиот извор. Не би се согласил со таков пристап. Не би го прифатил, би го осудил, како што го осудуваме и сите ние“, изјави Радуков.
Извор: Expres
