Според него, ова е многу тешко време. Ова е пандемија. Сега треба да се покаже државотворност, а државотворноста исклучиво произлегува од владејачкото мнозинство во Собранието и во Владата. Но, државотворноста одамна ја нема.

-Тогаш кога стопанството молеше за средства, во почетокот на оваа криза, да се дадат на стопанството некои кредити со помали камати со грејс период, Владата тогаш понуди евтин пакет на мерки за задржувања на вработувањата, кои што мината година не го исполнија во целост и како оправдување беа изборите. И сега без никакво оправдување законите ги држат во Собрание и не гледам ни можност истите да бидат изгласани се додека не успеат да се соберат владејачкото мнозинство, посочи Рафајловски.

Тој смета дека генерално самите мерки се толку мали и толку минорни, и се само сламка во илјадници делови или парчиња што би значело во целост економија. Економијата во Македонија е во слободен пад.

-Никој од нас не гледа светлина на крајот на тунелот, бидејќи немаме никаква можност да го поправиме стопанството. Не видовме ниту една мерка која ќе овозможи после пандемијата ние да излеземе спремни за пазарот во и надвор од Македонија. Па и оние ситни мерки не се во можност да ги исполнат, истакна Рафајловски.