– Нема да дозволиме терористички организации и ИД да се приближат до нашата граница и да нападнат други земји и регионот. Присуството на ИД во Авганистан е опасно не само за Авганистан, туку и за целиот регион, истакна Раиси по завршувањето на посетата на Таџикистан.
Талибанците ја презедоа контролата на авганистанскиот главен град Кабул на 15 август, користејќи вакуум предизвикан од повлекувањето на американските војници од земјата и колапсот на авганистанската армија.
Иран, кој има 900-километарска граница со Авганистан, не ги призна талибанците од периодот на нивното владеење од 1996 до 2001 година. Но, се чини дека Техеран неодамна го ублажи својот цврст став кон сунитските милиции во име на прагматизам. Исламската република нагласи дека талибанците треба да бидат „дел од идното решение“ во Авганистан.