Избраниците на Кире Лазаров се вратија на терените, а веќе утре го имаат својот втор натпревар од европското првенство во Германија.
Нашата репрезентација ја пресели базата во Берлин, а уште вчера со воз се вратија на тренинзите. По поразот од Франција на стартот на Европското првенство во Дизелдорф, следните два натпревари се играат во Берлин.
Селекторот Кирил Лазаров ги свика ракометарите кои го почувствуваа теренот во „Мерцедес-Бенз Арената“ во метрополата Берлин. Македонија сега е целосно насочена кон дуелот со домаќинот в недела. Атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво, а во мислите е Германија.
Домашната селекција на ова Европско првенство покажа сила против Швајцарците во првото коло и ги совлада убедливо (27-14). Слично како и Французите, Германија е фаворит против Македонија, меѓутоа спортски е да се надеваме на изненадување в недела.
Целосна фотогалерија може да погледнете ТУКА.