Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши“, соопшти обвинителството.