ВМРО-ДПМНЕ ако од нешто има паника, тоа е од мазохистичките прес-конференции и соопштенија на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.
Се грижиме што не останавме со нормална реформирана опозиција, која ќе биде алтернатива и коректор на власта. И наместо тоа, го имаме истиот СДС кој ги донесе 7-те години беда, корупција, предавства и пропаст на државата и нејзините институции.
СДС, чие раководство е во скут на бугарското разузнавање и на ДУИ, заради сопствените коруптивни особини и однесувања.
Од тоа се плашиме, што СДС не ја сфаќа реалноста и фактот дека народот не им заборава и нема да им прости.
И наместо да се реформираат и променат на подобро, тие продолжуваат со неинвентивни соопштенија дека сме се уплашиле, во ситуација кога не можат да најдат кандидати за градоначалници и во која 3-4 освоени градоначалници за нив ќе е огромен успех. Е од тоа се плашиме.
Ова СДС, освен што е штетно како власт, е еднакво деструктивно за државата и од опозиција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.