„Видовме вчера излезени вработени во образованието. Образованието добива покачување како никогаш досега. Здравството исто така има спогодба каде што добија покачување октомври 24та година од 7%, но во тоа покачување од 7% кумулативно што беше може да се каже дека мецининските сестри од примарно, секундарно и терцијално здравство, коишто беа приближно со платите до минималната плата тогаш ги оддалечија од 15 до 17%. Потоа добија уште 5% во март 2025 и еве сега преговараат во рамките на спогодбата, слушнавме од директорот на ФЗОМ дека ќе бидат 7%. Прв пат доби полицијата 10% покачување“, вели Благоја Ралповски кој доаѓа од Конфедерација на слободни синдикати (КСС) во гостување во поткаст Радар.

Ралповски посочи дека во изминатиот период повеќе сектори добиле значителни покачувања на платите, меѓу кои образование, здравство и полиција, но и дека минатата година КСС и ССМ имале конкретна понуда од владата за раст на платите, но процесот бил миниран од страна на УПОЗ и ССМ, додавајќи дека на тој начин не се заштитуваат интересите на работниците.

„Имаме понуда на маса од премиерот, односно од владата на којашто бевме и ние од КСС и тие од ССМ, каде што премиерот тогаш во април минатата година, понуди од 1ви мај да се почне со 7%, 2026 година да имаме 5%, 2027 година 5% и повторно 7% во 2028 година, плус она линеарно што го добиваат како усогласување затоа што минималната плата е дел од основната плата. Требаше да се видиме после Велигден и од 1ви мај да почне покачувањето. УПОЗ и ССМ направија опструкција, го минираа целиот процес“, дециден е Ралповски.