Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.
Веднаш по веста за средбата поранешниот претседател и експремиер, Сали Бериша, повика на национални протести, кои, како што изјави, се први во рамките на „револуцијата“ и имаат две главни цели, против Отворен Балкан и против националната кражба, односно според него, обидите на Рама и Вучиќ за поделба на Косово.
– На 20 декември народот е на протест. Завршува непријателското антиалбанско сценарио на „Отворен Балкан“ што е замена за Берлинскиот процес со онаа на Путин. Предупредив дека ќе има национални протести, рече Бериша.
Гостувајќи во телевизиска емисија тој го повтори предупредувањето до Вучиќ да не помислува да дојде во Тирана, затоа што ќе има полни улици и плоштади против него, што го кажа и на Националното собрание на 11 декември.
-Отворен Балкан е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлуенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме новиот Милошевиќ или младиот Слободан, за отворен Балкан да не си помислил да дојдеш во Тирана, зашто улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе, ја повтори заканата што ја кажа и на Националното собрание свикано од него.