Премиерот на Албанија, Еди Рама најави гигантски проект во Поградец покрај Охридското езеро кое е заштитено од УНЕСКО. Тој објави снимки од работата на проектот кај шеталиштето о обиколницата кај Тушемиште, од мостот кај Дрилон, на изворите на Загорчан, и ќе заврши кај кај граничниот премин Тушемиште. За ова реагираа екологистите и министерката за животна средина каја Шукова која рече дека Рама не треба да го загрозува Охридското езеро со такви проекти.

Еколошкото здружение бара Рама да ги почитува последните препораки на УНЕСКО во кои се вели дека треба да запрат сите активности и градење на брегот на езерото.

Реакции имаше и од организацијата Охрид СОС, од каде потсетуваат дека поради ваквите и слични зафати од македонска страна, предложено е Охридскиот регион да се најде а листата на загрозено светско културно наследство.