Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по трагичниот настан во Белград, каде што девет лица, од нив осум ученици, беа убиени од пукањето во основно училиште „Владислав Рибникар“.
Рама изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и српскиот народ и власти а на повредените им посакува побрзо закрепнување.
– Премногу е тажно да се слушне за денешното пукање во училиште во Белград. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и до српскиот народ и власти. На повредените во овој трагичен настан им посакувам брзо закрепнување, наведува тој во објава на социјалните мрежи.
Рама додава дека ” ова се оние моменти во животот кога сите сфаќаме дека нашата хуманост е највредното нешто што ни е заедничко и кога болката и тагата нè потсетуваат на вредноста на заедништвото во добри и лоши времиња. Нека почиваат во мир оние кои починаа”.