Отворен Балкан беше иницијатива родена од потребата за подобрување на берлинскиот процес и ја исполни мисијата за која е роден, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама и додаде дека сега мораме главо да се втурнеме во берлинскиот процес.

Тој во интервју за албанскиот Јуронуј вели дека процесот се одвива со голема поддршка од Германија, германскиот канцелар Олаф Шолц и сите останати.

На прашањето за Косово, Рама истакна дека не може да го разбере премиерот на привремените власти во Приштина, Албин Курти, за ситуацијата што настана на Косово и Метохија во однос на меѓународната заедница.

Тој рече дека француско-германскиот план не може да остане таму засекогаш и дека Курти не може сам да ја добие оваа дипломатска битка како Дон Кихот.

„Албин е личност која ја ценам, пријател кој го почитувам, но во овој случај не го разбирам премиерот на Косово“, рече Рама, пренесе Танјуг.

Тој изјави дека Албанците први гласаат и го унапредуваат француско-германскиот план за Косово и Метохија.