На покана на претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел, утре во Брисел ќе престојува албанскиот премиер Еди Рама, јавија албанските медиуми. Нивната средба е најавена за 12:30 часот.
Поканата на Мишел следува откако деновиве Рама испратил писмо до францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и до Мишел поради:
“неопходноста од нов, конкретен притисок од Франција и Германија, како автори на француско-германскиот план, со поддршка на САД, за што поскоро спроведување на истиот”.
Рама претходно до овие европски лидери достави нацрт- документ за формирање на Заедница на општини со мнозинско српско население на северот на Косово.
На петочната попладневна прес-конференција Рама оцени дека „работите не се нормални, нема нормалност, работите се лоши и се трудам да направам се за да се избегне најлошото“