Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска најави дека нема да има заедничка средба на владите на Албанија и Косово, која требаше да се одржи утре во Ѓаковица, а како причина за ова наведе дека премиерот на Косово , Аљбин Курти, „не го прифати тесниот формат на средбата на премиери, министри…
„Ова е вонредна комуникација поврзана со утрешната средба на двете влади во Ѓаковица. Го информирав премиерот Курти дека во услови на влошување на односите на Косово со целата евроатлантска заедница, оваа средба не може да се одржи под предвидените услови. „Попладнето разговарав со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и побарав Аљбин утре да се сретне во Ѓаковица, во потесен формат, односно со министрите за надворешни работи и за одбрана“, рече Рама.
Тој додаде дека за жал не е постигнат договор со премиерот Курти за промена на форматот.
„Но, тоа (одржување заедничка седница) не е можно бидејќи не е моментот да се создаде лажна слика за тоа што всушност се случува во реалноста на Косово денес“, додаде Рама.