Политиките на СДСМ, економскиот социјалдемократски модел и јакнењето меѓународната позиција на земјава, донесоа најголеми досега, рекордни странски инвестиции од 753 милиони евра во кризна година, нови и добро платени работни места, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на маалска средба во Кочани, во рамки на теренските активности на партијата, Рамо до рамо, до победа.

-Имаме рекорден износ на странски директни инвестиции во услови на криза, бидејќи имавме економска и енергетска криза најголема по 2 та Светска војна. Со нашиот социјалдемократски економски и меѓународни политики само во една година успеавме да донесеме 753 милиони евра, директни странски инвестиции. Нашите странски директни инвестиции се на највисоко ниво и тие се два пати поголеми во однос на 2016 година. Она што особено охрабрува е што инвеститорите коишто доаѓаа во земјава остануваат и го прошируваат својот бизни. Таков е примерот и во Кочани, Амфенол технлоџи гради нова фабрика на 3.500 квадратни мерти каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај, рече Лукаревска.

Она што е особено важно го зголемуваат бројот на вработените и платите. Нивото на плати веќе не е на ниво на минимална плата, туку веќе е над просечната плата, додаде Лукаревска.

-Ние го цениме и го вреднуваме трудот на работниците. ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше работниците како евтина работна рака и затоа минималната плата во тоа време беше едвај 9.000 денари а просечната околу 20.000 денари. Со СДСМ минималната плата изнесува 20.000 денари а просечната над 34.000 денари, додаде Лукаревска.

Членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ се осврна на земјоделските политики на СДСМ и поддршката за земјоделците.

-Откупната цена на оризот е драстично зголемена. Реализиравме исплата на дополнителната мерка од три денари за килограм предадена арпа и веќе ја добија земјоделците. Претходно, во февруари беа исплатени сите субвенции за поледелство, вклучително и за оризопроизводство, во износ од 60 милиони евра, што е резултат на најголемиот износ на буџетот за земјоделството досега. За првпат годинава сите земјоделци ќе добијат и 30 отсто авансна исплата, како дел од новиот модел за поддршка, истакна Кузмановиќ.