Објавено е видео на социјалните мрежи во коешто младата Лина Рангелова изнесува шокантни детали за објава на социјалните мрежи од Select Caffe, локал, кој како што вели, стои во биографијата на актуелниот градоначалник на Крива Паланка како негова сопственост.

Во објавата на Select Caffe на социјалната мрежа Фејсбук стои:

„На секој гостин кој ќе му биде изречен сообраќаен прекршок, нека се пријави во Select и целосно истиот ќе му биде рефундиран како износ за сообраќајниот прекршок.“

-Оваа објава е повеќе од несреќна. Ова е отворен повик на кршење на законите. Ова е, ако сакаме да бидеме праведни и правични, мито понудено уште пред воопшто да започне изборната кампања, вели Рангелова.

Пораката на социјалните мрежи, којашто отворено нуди „рефундација на сообраќајни казни“ за гостите на кафулето, не само што шокира, туку и поставува преседан со длабоки правни и етички импликации.

-Вака изгледа кога приватниот интерес на моќниците станува јавна политика. Како градоначаникот ги спроведува и практицира законите во локалната самоуправа, ако преку семејниот кафич потикнува прекршување на истите? Ова е скандал. Ова е вресок против правната држава, додава таа.