– Инспекторите ќе направат се што е потребно за да го утврдат целото движење на автобусот, местата каде што застанал, каде одморале возачите, брзината со која се движел. Сето тоа ќе се утврди – рече за „БНТ“ Рановски.
– Ќе има соодветни вештачења, во земјава има надлежни органи, вели тој.
– Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина. Многу е важно да се открие дали автобусот се запалил пред или по ударот во заштитната ограда, па ќе се соберат сите информации. Досега немало ваков инцидент – додаде Рановски.
Тој увери дека камерите на управата се насекаде низ државата и дека можело да се забележи движењето на автобусот.
Според очевидци, автобусот застанал на почетокот на автопатот „Струма“, на бензинска пумпа, а несреќата се случила на 30 километри по паузата, објасни Рановски.