Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објасниле и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.

Тоа што Вишото обвинителството се согласува Рашковски да излезе од притвор не значи и дека тоа на крај ќе се случи. Обвинителството само дава мислење, а одлуката ја носи Судот.

Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.

Повеќе на „360степени.мк“.