Екипата на Наполи не ја искористи првата меч топка за потврда на пехарот во Серија А, поточно ремито со Салернитана значи дека избраниците на Лучијано Спалети ќе мора да почекаат уште некое време за да бидат крунисани во шампиони на Италија, пренесе Дерби.
На Наполи му беше потребна победа на домашен терен за да го врати Скудетото во своите витрини по пауза од 33 години, меѓутоа Диа со мајсторски погодок ја расипа, одложи прославата во 83 минута.
Фаворитот поведе со со голот на Оливера во 62 минута, потоа Елмас имаше можност за зголемување на водството, но во финишот Диа си поигра со Осимен по што биеше фантастично за конечни 1-1.