Од таму додаваат дека поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.

-СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Во Прилеп никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години. Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски, велат од партијата.