Српскиот рапер Раста приведен во Охрид поради поседување марихуана, соопшти МВР
Српскиот рапер Раста бил приведен во Охрид, потврди Министерството за внатрешни работи, откако српските медиуми објавија дека популарниот рапер бил уапсен на охридскиот стадион со марихуана. Случајот се одвивал ноќта меѓу 2 и 3 август.
- „На 03.08.2025 година, во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Одделот за внатрешни работи во Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и конфискувана опојната дрога марихуана. Осомничениот е приведен во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полицискиот билтен.
Стефан Ѓуриќ, попознат како Раста, требаше да настапи на заедничкиот концерт со Џејсон Деруло кој се одржуваше во Охрид вечерта на 2 август.