Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.

-Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.

Повеќе детали може да видите од веста во продолжение:

(ВИДЕО) КИЕВ ДЕВЕТ ЧАСА Е ПОД РУСКА ОПСАДА: Градот нема струја и парно

-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.