Расте бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Во првото шестмесечје од годинава забележан е значителен пораст на бројот на патници на двата аеродрома во земјава. На скопскиот аеродром зголемувањето изнесува 5 проценти, додека на охридскиот порастот е дури 13 проценти. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, очекува двоцифрени стапки до крајот на годината и рекорден резултат во регионот.
Николоски: Државата го доби случајот „Казандол“ – заштедени се 115 милиони евра
Нови авиодестинации и проширување на мрежата
Николоски најави 16 нови авиолинии, од кои дел ќе започнат да функционираат веќе од ноември и декември. Според најавите, редовните линии Скопје – Стокхолм и Скопје – Мадрид ќе стартуваат во ноември, додека од декември ќе следат уште три нови дестинации: Бари, Прага и Келн. Билетите се достапни по почетни цени кои се движат од 969 до 2.599 денари.
„Визер“ со нова рута Скопје – Келн
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ ја прошири својата мрежа со директна рута меѓу Скопје и Келн. Компанијата моментално нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји со заминување од аеродромите во Скопје и Охрид. Директорот за комуникации на „Визер“, Андраш Радо, нагласи дека ова проширување ќе ја засили достапноста на авиотранспортот и ќе придонесе за развој на туризмот и економијата.
Извор: ВечерПрес