Забележан е пораст на просечниот дневен број на новозаразени во соседната земја. Засега нема податоци дали делта-мутацијата е детектирана во Србија.
Има 293 пациенти на болничко лекување, а 12 од нив се на апарати за дишење.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 716.562 случаи, од 4.414.477 тестирани примероци, а 7.047 лица починале.
Стапката на смртност е 0,98 проценти.