Досега околу 550 граѓани примиле трета вакцина. Од нив повеќето се од возрасната популација, млади се уште поретко. Со прва доза пак во Струга се вакцинирале околу 15 илјади граѓани, со втора 12. Очекувањата се дека интересот ќе расте.
Со оглед на моменталната состојба која го најавува новиот пандемски бран здравствените работници апелираат граѓаните што помасовно да се вакцинриаат и периодов да избегнуваат дружби во затворени простории.
И во Охрид, иако на почетокот интересот за трета доза не беше на завидно ниво, сега се бележи значителна заинтересираност.
59,3 проценти од населението над 12 години има примено втора доза што се уште Охрид го впишува меѓу првите градови со најголем процент на вакцинирани граѓани во земјава.