Доларот зајакна, а цената на нафтата порасна.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,19 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 135,05 на 136,20 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото изнесува 1,0435 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0430 долари.
Цените на нафтата, пак, скокнаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,23 отсто, на 113,75 долари, а на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,94 отсто, на 110,53 долари. Деновиве имаше и обратен тренд, односно паѓаше и вредноста на доларот и цената на нафтата.