Притвор за пет лица, меѓу кои и бизнисмените Капушевски и Јахоски, екс-директорот на ЕСМ во бегство
Единаесет лица се лишени од слобода, вклучително и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“, поради сомнителни набавки на нафтени деривати. Тие се изведени на распит во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.
Во кривичната пријава е опфатен и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство и по кого е распишана меѓународна потерница за случајот „Адитив“.
Обвиненија за злоупотреба и перење пари
Јавниот обвинител постапувајќи по кривичната пријава на МВР, донесе наредба за спроведување истрага против 13 физички и едно правно лице.
Десет лица се сомничат за кривично дело „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
Три лица (две физички и едно правно) се товарат и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Едно лице е осомничено само за перење пари.
167,5 милиони евра штета за државата
Според Обвинителството, во периодот 2021-2023 година, двајца осомничени како основачи и управители на правното лице, свесно поднеле лажна документација за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Тие не ги извршиле обврските од договорот, при што створиле корист од големи размери за компанијата на штета на државниот буџет во износ од околу 167,5 милиони евра.
Во оваа шема со умисла им помагале осомничените вработени во АД ЕСМ.
Притвор за петмина, мерки за останатите
Обвинителството предложи на пет лица да им се определи мерка притвор. За останатите се предложени алтернативни мерки за обезбедување присуство.
Случајот „Адитив“ останува под истрага, а екс-директорот Ковачевски сè уште е во бегство.
Извор: ТВ24