Во полициска акција уапсени доктори на скопските клиники и сопственици на дерматолошки ординации за нелегални третмани и медицински препарати. По налог на Обвинителството, полицијата спроведува акција на неколку локации во државава, претреси имало во Скопје, Струмица и во Битола за разбивање на криминална група инволвирана во повеќе кривични дела.

Од МВР и од Обвинителството за сузбивање на организиран криминал најавуваат повеќе информации за во текот на денот.