Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 15:15 часот на улицата „Славеј Планина“ во Скопје го лишиле од слобода М.А.(46) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.