Седумдесет и тригодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена на подрачјето на Општина Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 11 јули во 01:30 часот во СВР Скопје, М.П. (73) пријавила дека едно лице употребило физичка сила и ѝ го одзело личниот накит.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.