„Денеска, 24 август, 146 руски војници се вратија од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, 146 украински воени затвореници беа предадени благодарение на посредничките напори на Обединетите Арапски Емирати,“ се наведува во соопштението објавено на Телеграм.
Министерството додаде дека освен војниците, на Русија ѝ биле предадени и осум жители на пограничниот регион Курск, кои биле нелегално задржани од Украина.
Размената на заробеници и телата на загинати војници останува една од ретките области во кои Москва и Киев соработуваат. Од мај до јули годинава, двете страни спроведоа повеќе вакви акции, во согласност со договорите постигнати на три рунди разговори во Истанбул.