На Фејсбук денеска беше објавена реакцијата од страна на Претседателите и членовите на УО и НО на ЈП Водовод и канализација-Скопје на соопштението на Драган Илиевски, директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост во продолжение:

„Ние членовите на управниот и надзорниот одбор сме изненадени од неинформираноста на директорот на ЈП Водовод и канализација-Скопје, околу состојбите во претпријатието.

Во интерес на јавноста сакаме да образложиме неколку работи, во насока на нападите од страна на директорот, кон Управниот и Надзорниот Одбор, кои воедно се највисоки тела во управувањето на ЈП.

Од сегашниот директор има забрана за секаква комуникација, на вработените на претпријатието, преку официјален мејл, со овој состав на УО и Надзорниот одбор и наредба до обезбедувањето за придружба на членовите, при секакво движење внатре во просториите на Управната зграда. Исто така на претседателот на УО, Идриз Орана, му беше сменета бравата од неговата канцеларија, со што му беша истата насилно одземена.

Со доаѓањето на претходниот директор, Марјанче Митовски, кој беше директно поставен од градоначалничката Данела Арсовска, прва работна задача му беше бркање од работа на 90-сетина вработени, од кој најголемиот дел, стручен кадар. Потоа овие веќе избркани лица, беа поделени на подобни и неподобни и дел од нив беа вратени во претпријатието. Митовски соочен со бурните реакции, од страна на УО и Надзорниот Одбор, јавно кажа на состанок, дека жали за ситуацијата и човечките судбини, но има директна наредба од градот Скопје, овие лица да се избркаат од работа.

По само неколку месеци овој директор, беше променет од градоначалничката Арсовска и на негово место дојде сегашниот директор, Драган Илиевски, кој дојде од Зоолошката Градина и првично кажа на првата негова седница, кога беше назначен, дека ќе биде пријател со УО и ќе биде секогаш достапен и ќе работи заеднички.

Ова негово укажување траеше многу кратко, по што почна со непочитување и забрани кон членовите на Упраниот и Надзорен Одбор, со што намерно се обидуваше да го закочи функционирањето на претпријатието. Ова однесување почна со одбивање да се аминуваат од страна на УО, неколку сомнителни милионски јавни набавки, поднесени од директорот Драган Илиевски.

Што се однесува до обвинувањата во денешното соопштение од страна на директорот, сакаме да истакнеме дека, баш напротив, УО заедно со Надзорниот, донесе одлука и позитивно мислење за трајно решавање на статусот на вработените, кои се стручен кадар, под привремен договор, а не роднини и пријатели на блиски луѓе до директорот и раководството во градот Скопје.

За да ја доловиме контрадикторноста на овие обвинувања од страна на директорот, јавноста треба да знае дека тој истиот на 28.08.2023, им ги прекина договорите на 9 вработени, кои фигурираат како стручен кадар, а 5 од нив беа водоинсталатери, 2 оператори за наплата, 1 благајник и 1 санитарен техничар.

Истовремено беше формирана комисија од страна на УО, за да се увидат било какви неправилности, во привремените вработување, а притоа директорот направи се да не ја прикаже реалната состојба на привремено вработените.

Сакаме да нагласиме, јавноста да знае, дека УО и НО, стои на располагање, во било кое време, доколку директорот достави барање за вработување на потребен стручен кадар, да се состанеме и дадеме согласност за вработување на кадар, кој му фали на претпријатието, а не вработувања во администрацијата, за која и Арсовска вели дека е преполна. УО и НО секогаш ќе работи согласно законите, статутот и доброто на ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Исто така Управниот Одбор на седница пред повеќе од еден месец, донесе 3 укажувања, во врска со 9 месечното негативно финансиското работење на директорот, во насока на прекршувањето на 3 члена од законот за ЈП и од менаџерскиот договор на директорот А тие се:

– Според член 23а во законот за ЈП, Директорот е должен секој 6 месеци, да доставува извештај за работа на ЈП до УО. Според овој член ако од извештајот за работа се утврдат недостатоци или загуби во финансиското работење, директорот е должен истите да ги одстрани во рок 6 месеци, што истото не го направи.

– Според член 24а, ако директорот не работи и постапува според закон, статут и актите на ЈП или неоправдано не ги спроведува одлуките на УО или постапува во спротивност од нив, со што е прекршен и овој член од законот, а според истиот член градоначалникот на градот Скопје, мора да го разреши директорот на претпријатието,

– Според договорот за вработување на директорот, е прекршен членот 4, став 4, и 13, а каде што тој автоматски би требало да добие разрешување. Исто така членот 4 од договорот на директорот е многу интересен во ставот 17, каде пишува дека директорот е должен до градоначалникот, да ја достави секоја одлука за објавување на јавна набавка, со утврдени критериуми, во согласност, со законот, пред нејзино објавување.
Затоа прашуваме:

Дали ова значи дека градоначалничката Арсова ги одобрува сите јавни набавки пред да се објават?

Зашто да се доставуваат критериуми до градоначалничата, во врска со јавните набавки?

Според кој закон се прави ова и на кој начин?

Очигледно е дека единствен критериум за некој да стане директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, е што повеќе да направи штета на претрпријатието, со што повеќе вработени да се искара и да биде понизен и послушен. Впрочем така и доби Драган Илевски менаџерски договор, според овие истите критериуми“, стои во нивната реакција до јавноста.