Социјалистичката партија на Македонија реагира на крајно промашената проценка на Бојан Маричиќ за промена на опозицискиот став за измените на Уставот.

-Повеќе од очигледно е дека Маричиќ не сака или не смее да ги согледа дијаметрално спротивните разлики кои се соддржани во предлогот на власта и предлогот на опозицијата. Меѓутоа, ниту тој ниту премиерот Ковачевски не се изјаснуваат по двата опозициски предлози, со што ја оневозможуваат и девалвираат натамошната комуникација и воопшто потребата од неа.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека инсистирањето на Маричиќ за формирање тимови за продолжување на разговори и започнување на преговори е само можност СДС да ја развлече постапката до редовниот термин на избори за да го поддолжи владеењето со ДУИ. Смислено и лажно ја затскрива одговорноста за неуспехот на ветувањата кон Бугарија за идентитетските и историските прашања. Истовремено навредува со ставот за потребен разговор во реални рамки, умислувајќи дека тоа што го предлага СДС е разумно и реално.

Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека се работи за прашања што СДС ги превземал во преговарчката рамка, со цел за бугаризација на Македонија, нешто што неможе да го испорача и за што врши притисок врз опозицијата и преку медиумите шири лаги, еуфорија и невистини.
Оттаму умислениот Маричиќ безсрамно и инфантилно заклучува дека доколку изостане некаков си разумен дијалог ќе се тргне во раговор и убедување на секој пратеник.

Социјалистичката партија на Македонија повторно и укажува на јавноста и отворено го предупредува и СДС и очигледно виолентниот Маричиќ да не се дрзнат и да се осмелат на повторување на авантурата од 2018 година со директен притисок и поткуп врз пратениците. Ние благовремено предупредуваме на последиците од таквиот чин.

Очигледно овие апатридни ликови од власта ги потценуваат опозициските пратеници и нивниот одлучен став против уставните измени, но и се поголемиот отпор кај граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија ги упатува партиите од власта на потребата за нивна подготовка за понесање сметка за неспособноста, криминалот и лошото и предавничко владеење, велат од Социјалистичката партија на Македонија.