Неуспешна седница и политички притисоци

Аферата за незаконско следење на новинари, политичари и тогашната опозиција од страна на поранешното раководство на АНБ предизвика сериозни реакции во јавноста. Вчерашната седница на Комисијата за надзор на безбедносните служби не се одржа, а политичките партии упатуваат меѓусебни обвинувања.

МИЦКОСКИ, РУСКОВСКА, НОВИНАРИТЕ ЗЛАТЕВ И ЛАНДОВ БИЛЕ ТАРГЕТИРАНИ: Голем список за прислушкување, Николоски повика Обвинителството да реагира!

Обвинителството со предистражна постапка

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистрага и веќе ги проверува документите на АНБ. Оттаму информираа дека поради обемноста и доверливоста на материјалот, постапката ќе потрае, но јавноста ќе биде навремено информирана за заклучоците.

Различни партиски реакции

ВМРО-ДПМНЕ побара Обвинителството да утврди по чиј налог бил следен актуелниот премиер, посочувајќи дека СДСМ призналo оти го следеле, но не пронашле ништо спорно. Коалицискиот партнер Касами изјави дека имал чувство дека е прислушуван, бидејќи во јавноста излегувале информации од доверлив карактер. ДУИ, пак, побара претседателот на собраниската комисија, Скендер Реџепи, да добие безбедносен сертификат пред најавената средба со АНБ.