СДС штити насилство. Осудата која ја изразија е само декларативна и колку да ја замачкаат јавноста и она што сите го видовме. Советникот на Филипче повреди жена, а ова е данокот на омразата и злоупотребите кои СДС ги прави во Кочани и злоупотребите со трагичните судбини на жртвите од пожарот во Пулс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

 

Бараме СДС да го исклучи од Совет и Венко Филипче јавно да се огради од својот советник.

ВМРО-ДПМНЕ

Советникот на Филипче повреди вработена во општина Кочани. И тоа е голем инцидент.

Жално е на какви ниски гранки падна СДС, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Извор: Kurir