Ковид-19 уби најмалку еден родител или примарен старател на речиси 100.000 деца во Перу, земјата со највисока стапка на смртност од коронавирус во светот, соопшти тамошната влада.
„За жал, нашата земја има речиси 98.000 деца кои ги загубија таткото, мајката или старателот за време на пандемијата“, изјави министерката за жени на Перу, Анахи Дуранд, цитирајќи ги бројките објавени во медицинското списание „Лансет“.
Перу води во светот по вкупни смртни случаи од Ковид по глава на жител, со повеќе од 6.000 на милион починати од болеста.
Владата во моментов обезбедува пензија од околу 50 долари на секои два месеци за повеќе од 18.000 семејства. Дуранд се надева дека ќе ја прошири придобивката за да ја покрие психолошката и образовната поддршка и да достигне повеќе од 83.000 деца и адолесценти.
-Клучно прашање според сегашниот систем е тоа што на многу семејства им недостасува потребната документација за да ја добијат бенефицијата, рече Дуранд.
Многу семејства доаѓаат кај нас и сакаат да пристапат до пензијата, но немаат потврда за починат родител – во првиот и вториот бран луѓето умираа дома, немаа услови да ја добијат таква потврда, додаде таа.
Земјата од 33 милиони жители го поминува својот трет бран Ковид и има забележано повеќе од два милиони случаи. Повеќе од 202.900 луѓе во Перу починале од почетокот на глобалната пандемија.