Речиси 12.000 газди не им пуштиле плата на своите вработени за февруари и март и за тие два месеци оставиле без приходи речиси 20.000 лица, откри Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи на брифинг со новинарите, пренесе Слободен печат.
Рокот за поднесување на М-ПИН пријавите за плати е до 10 во месецот, за претходниот месец, а обврската за исплата на платите е до 15 во месецот. Тие кои не исплатиле плати добиле опомена, а подоцна ќе им биде блокирана и сметката. Дваесеттина златари од Скопје, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово имале драстични разлики во прометот.
Фирмите се од сите сектори, а дел од нив се повторуваат. Во моментот Лукаревска, немаше анализа за тоа дали во овие два месеци има зголемување на бројот на фирми кои неисплаќале плати во однос на лани и кои се причините за ваквите сознанија. Рокот за поднесување на М-ПИН пријавите за плати е до 10 во месецот, за претходниот месец, а обврската за исплата на платите е до 15 во месецот. Тие кои не ги исплатиле добиле опомена, а подоцна ќе им биде блокирана и сметката.
-Во месец март регистрирани се 69.156 работодавачи со 555.161 вработени. Од нив 56.073 исплатиле плата, а 5.716 работодавачи за 11.612 вработени не испратиле плата за третиот месец од годинава. За февруари пак, има 5.136 работодавачи кои не им пуштиле плата на вработените – брифираше Лукаревска.
Од почетокот на годината до денес се извршени 1.522 контроли и кај 702 субјекти се констатирани неправилности во однос на неиздавањето на фискални сметки и непоседување фискален апарат. Контроли имало и кај 33 златари од Тетово, Гостивар, Кичево и Битола, а кај 18 од нив имало огромни разлики во непријавениот промет кои се движеле и до речиси 3 илјади евра. Надлежноста за одземање на нелегалниот златен накит е кај пазарната инспекција, брифираа даночниците.
Даночните инспектори во јануари и март ја посетиле и популарната Пластичарска улица во Скопје. Во првиот месец од 30 контролирани субјекти, кај 28 имало неправилности (не издавале фискална сметка и неводеле евиденција на прометот. Тие добиле 15 дневна забрана за вршење дејност.