Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11 743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.
Бројот на граѓани на Република С. Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9 012 и седум државјани на БИХ.
Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 781, додека со втора доза се вакцинирани 27 202 српски државјани.
Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 48 586 пати (прва доза 24.771, а втора 23 815), потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11 162, а втората 8 933), рускиот Спутник В е даден во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и Астра Зенека аплицирана во 932 случаи (455 + 477).
За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Спутник и Астра Зенека не беа дадени за време на викендот.
Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто).