На обраќањето во Собранието рече дека се слушнал а пак вчера вечерта во гостување за „ТВ 21“ демантираше дека се слушнал со него но имал контакти со други политичари.

-Не ми се јавил Заев. Нормално е дека се знаеме со него, но не ме побарал, ниту ми се јавил последниве 2 недели. Да Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ- рече Реџепи.

Само неколку часа подоцна пак го тврдеше спротивното.

-Во кординација со премиерот сум бил и претоходно и понатаму како дел како висок функционер на владејачкото мнозинство а и во моментот кога поднесе оставка и апелирав да не го стори тоа бидејќи не е моментот.Сите други дејствија може да се направат откако ќе се обезбедиме дека го добиваме датумот. Сега не е време за препукувања, не е време за нестабилност. Да му дадеме шанса на процесот, додаде тој.

Прашуваме како можел Реџепи да се слушне со сите овие политичари кога тврдеше дека поради притисоци мобилниот телефон му бил исклучен?