Пратеникот на Алтернативата, Скендер Реџепи, не е зачуден од постапката на пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница. Скендер Реџепи рече дека нема контакт со пратеникот од Беса веќе четири години и додаде дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предаде секојпат.
-Како понатаму, допрва ќе видиме. Еден час пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува. Ние сме во опозиција и сѐ додека сме опозиција, битката ќе ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја гледаат партиските органи. Наша цел е до 12 часот на полноќ да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот на полноќ дека може да се направи што и да било, рече Скендер Реџепи.
Седницата е паузирана веќе од нејзиниот почеток во 11 часот.