Според законските и уставните рокови се очекува референдумот против Договорот со Бугарија да се одржи напролет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој е свесен дека за да биде успешен треба да излезат околу 910.000 граѓани но е убеден дека со семакедонско обединување на сите граѓани оваа бројка е достижна.
Првите сто потписи до Собранието што треба да ја отворат вратата за собирање на 150.000 граѓански потписи во подрачните единици на Министерството за правда, најверојатно ќе бидат предадени во петок.
За да се соберат неопходните 150.000 потписи законските одредби предвидуваат три месеци, и доколку тоа се оствари следува период од 60 до 90 за кампања за референдумот што значи дека тој би се одржал во февруари или март догодина.
Мицкоски најави позитивна кампања под слоганот „Излези за Европа-не за асимилација“.
Се надевам оти власта нема да води антикампања и независно о тоа дали ќе биде постигнат цензусот бројката на излезени граѓани кои ќе се изјаснат против Договорот ќе биде најдобар показател за делегитимирање на власта и порака за предвремени избори.
На забелешка на новинарите дали може референдумот да се совпадне со евентуални предвремени избори, Мицкоски истакна дека не се откажуваат од таа идеја иако станува збор за два различни политички процеси.