Министерот за правда, Игор Филков, во интервју за Press24.mk истакна дека реформскиот процес во правосудството нема да застане и покрај изборниот период, туку ќе продолжи со полн интензитет.
Реформскиот процес во правосудството
- – Кога се работи на суштински закони од интерес за сите граѓани, Министерството за правда ги води процесите транспарентно и отчетно, со вклучување на сите релевантни чинители кои можат да дадат придонес. Нашата заложба за транспарентност веќе е препознаена од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, каде што Министерството високо котира со многу добра оценка. Намерата не е брзина по секоја цена, туку суштински и одржливи реформи – изјави Филков, додавајќи дека тоа е обврска кон граѓаните и кон процесот на приближување кон ЕУ.
Во однос на најавените измени на Кривичниот законик, Филков појасни дека се врши усогласување со Министерството за внатрешни работи во делот на кривичното дело „безобзирно управување со моторно возило“, по што измените ќе влезат во владина процедура.
Паралелно, како што најави министерот, се работи и на целосно нов Кривичен законик, кој треба да биде подготвен до крајот на годината.