Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.

Според тој портал, епицентарот бил на 17 километри од Огулин.

Како што јави 24сата.хр, земјотресот е почувствуван и во Загреб.

„Навистина се затресе. Мачките веднаш побегнаа, секоја на своја страна“, напиша корисник од Ириновац на ЕМСЦ.