Во земјава е регистрирана голема кашлица. Комисијата за здравство предложи да се прогласи епидемија на голема кашлица на територијата на град Скопје. Заразата се пренесува лесно, а бројките на болни растат секојдневно.

Она што е карактеристично е тоа што честопати се јавува кај невакцинирани случаи, па затоа докторите препорачуваат дечињата редовно да се вакцинираат.

Регистрирана кај четири годишно девојче

Четири и пол годишното девојче е втор пациент на детската Клиника со голема кашлица. Детето е имунизирано со сите вакцини, но примало имуносупресивна терапија којашто го намалува имунитетот. Доенчето што се лекува е во добра состојба. Овие пациенти на доктор Мицевска иако не биле во градинка или на училиште болеста ја добиле од некој од нивното опкружување кој ја носел бактеријата но нема симптоми, бидејќи има посилен имунитет.

18 потврдени случаи

Сите 18 потврдени случаи во земјава се изолирани. Но Комисијата проценува дека оваа бројка е поголема. Во град Скопје има 14 случаи, поради што предлагаат прогласување епидемија.

84% од деца до една година се имунизирани со три дози, но само 69% се ревакцинирани. Болниот кај кого ќе се потврди голема кашлица ќе се лекува со антибиотик. Во семејствата каде што има заболен со голема кашлица не треба да преземаат никави мерки доколу се чувствуваат добро и немаат симптоми. Проблем е само ако во семејството има бебе.

Комисијата ја разгледуваше состојбата и со грипот, ковидот.

На Клиниката за инфективни болести моментално се хоспитализирани 3 пациенти, во Колзе 60 деца се со респираторни заболувања.

Повеќе стадиуми на „магарешка“ кашлица

Во сезоната на респираторни инфекции, вообичаено е бројот на прегледи да биде поголем. Претходно, ваква кашлица е потврдена и кај шестмесечно бебе.

Ова е народски наречена „магарешка“ кашлица. Има повеќе стадиуми. Во секој стадиум има свои карактериски.

Карактеристични се третиот стадиум и четвртиот стадиум кои може да завршат и со повраќање. Докоторите велат дека најчесто се јавуваат навечер.

Колку е сериозна оваа кашлица?

На прашањето „колку е сериозна оваа зараза“ докторите велат дека особено претпазливи треба да бидат малите дечиња, а како начин на заштита и превенција велат дека е редовното вакцинирање.

За лекување докторите ги посочуваат како најефикасни макролидите. Докторите се децидни дека доколку навремено се открие заразата тогаш не претставува сериозен проблем.