Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на КОВИД-19, од кои 130 се реинфекции. Регистрирани се 291 оздравен пациент, нема пријавено починати лица. Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број новозаболени, 237 се од Скопје, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од Охрид – 79, Битола – 39, Струга – 33, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Прилеп – 17, Кичево – 11, Скопје и Велес – по 9, Неготино – 8, Гевгелија и Радовиш – по 7, Куманово и Ресен – по 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Штип и Демир Хисар – по 2, Виница , Крушево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Направени се 1.537 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-38, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–98, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-33, Биотек-62, Систина-52, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-10, Плодност-14, Генеа-5, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.

Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398.