Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на Град Скопје се регистрирани четири активни пожари. Сите се на отворен простор, а зафатена е главно ниска вегетација и сува трева.

Регистрирани четири активни пожари

Во Општина Чучер Сандево, близу црквата „Св. Никита“, избувнал пожар во ниска вегетација, кој е сè уште активен.

Истовремено, продолжува да гори и приватната депонија во населбата Волково. ЦУК потврдува дека овој пожар не е ставен под контрола.

Нов пожар е пријавен и кај Стенковец. Тој се движи кон бензинската пумпа „Дизел“, што дополнително ја зголемува опасноста.

Во Волково, во Општина Ѓорче Петров, повторно гори ниска вегетација, а друг пожар е активен кај Катланово, каде што е опожарена сува трева.

Надлежните служби се на терен и преземаат активности за локализација и гаснење на пожарите. Од ЦУК апелираат до граѓаните да не палат отпад и сува трева и веднаш да пријавуваат дим или отворен оган.